Три лица се полесно повредени во сообраќајка која се случила вечерва околу 18 часот на патот Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Градошорци.

Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале три возила, од кои едното е превртено.

На местото на сообраќајката увид изврши полицијата. Додека траеше увидот собраќајот се насочуваше по стариот пат на делницата меѓу селата Василево и Градошорци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.