Вчера во 17.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на крстосницата од локален со шумски пат во долнореканското село Присојница, трактор „Тома Винковиќ“ без регистарски ознаки, управуван од З.Л.(65) од ова село, излетал од патот.

Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствениот дом Ростуше.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.