Товарен воз усмртил околу 30 овци кај Миравци, потврди вечерва за МИА, Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи, за односи со јавноста.

Денес околу 15 часот во Полициската станица Гевгелија, било пријавено дека во близина на железничка станица Миравци, товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, удрил во стадо овци, при што биле усмртени околу 30 овци, а повредени лица нема, појасни Ангеловски за МИА.

Увид на местото врши екипа на Полициска станица Гевгелија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.