На 19.01.2024 во 23.00 часот во атарот за село Ласкарци, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го привеле Б.А.(19) од селото.

Тој бил затекнат како со патничко возило „форд ескорт“, со скопски регистарски ознаки, превезува огревно дрво без документација. Возилото и дрвата биле одземени, а лицето било приведено во Полициското одделение Сарај. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.