Вчера околу 15 часот на улица „120“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Х.(43) и Џ.Ш.(46) од Тетово.
Тие претходно на улица „Благоја Тоска“ во Тетово не застанале на нивна наредба и со возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки продолжиле да се движат кон улица „121“. Бегајќи од полициските службеници тие оштетиле товарно моторно возило „форд транзит“ со тетовски ознаки, а еден од полициските службеници испукал во воздух два предупредувачки куршуми за да застанат.
Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени поднесоци, велат од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.