Синоќа обилниот дожд предизвика поплави во поголем дел од Тетово. Под вода синоќа беа голем број улици, дворови и подруми, а речиси целосно беше поплавена населбата Дарданија.

Тетовци велат дека урбанизацијата на градот и несоодветната атмосферска канализација се само една од причините за зачестените поплави.

Територијалната противпожарна единица во Тетово синоќа во населбата Дарданија извлекла три автомобили со патници, кои заглавиле во вода под надвозник.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.