На 19.08.2023 околу 17,35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(54) од Тетово излетало од коловозот и удрило во паркирани возила на авто плац. Според пријавеното од С.И., таа изгубила контрола над возилото откако друго возило, кое напуштило лице место, и го попречило движењето.

По несреќата С.И. и нејзините сопатници А.А.(81) и М.А.(80), двајцата од Скопје биле пренесени во Градската општа болница „8 ми Септември“ каде од лекар на А.А. му се констатирани тешки телесни повреди, а на С.И. и М.А. им се констатирани телесни повреди



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.