Две лица се приведени вчера во тетовско за агресивно однесување кон полициски службеници.

Околу 13 часот и 40 минути, на наплатна станица Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 34-годишната Е.Х. од Република Албанија, која се однесувала агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, но и поради сомнение за нерегулиран престој на подрачјето. Таа е задржана во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка, соопштија од СВР Тетово.

Околу 15 часот, пак, на наплатна станица Желино, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 41-годишниот тетовец А.П. кој се однесувал агресивно додека преземале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.