Вчера (12 февруари) во 18 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека околу 16 часот и 30 минути на крстосницата на улиците „Браќа Миладинови“ и „Илинденска“ во Тетово, патничко моторно возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 39-годишниот И.М. од гостиварско Речане удрило во малолетен пешак од Тетово.

Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.