Вчера во 16:14 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-с.Липково, кај село Опае, патничко моторно возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(26) од село Оризари, општина Липково, удрило во малолетен пешак од село Черкези, кумановско.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош, соопштија од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.