На 02.08.2024 во 12:43 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола–Драгош, во близина на с.Бистрица, кај место викано „Длабок Дол“, патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.К.(20) од с.Бистрица, битолско, излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.