Вчеравечер во 20.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, во село Дабиле, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(24) од Струмица и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.К.(27) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „опел“, Л.К.(31) од Струмица, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Поради судирот сообраќајот на патниот правец Струмица – Ново Село по село Дабиле беше во целосен прекин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.