На 24.06.2024 во 11.25 часот во Полициската станица Демир Хисар, било пријавено дека на место викано „Чагор“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканиа“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(71) од Прилеп, и патничко возило „тојота“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(22) од Демир Хисар, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Т., констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Демир Хисар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.