Млада девојка од Кавадарци е тешко повредена откако ја прегазил 20-годишен возач од Скопје, пренесуваат од МВР.

Несреќата се случила вчера во 09.40 часот, кога во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Московска“ со ул.„Прашка“ во Скопје, товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(20) од с.Сарај, скопско, удрило во З.Г.(23) од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Г. констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, информираа од МВР.

Извршен бил од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.