Вчера во 06.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на клучката „Хиподром“, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(59) од село Ајватовци, скопско, излетало надвор од коловозот, соопшти денеска МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.