Две лица се повредени, од кои едно тешко во несреќата што се случи вчеравечер на патот од Битола кон Прилеп.
Како што соопшти МВР, во 22.18 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А3 Битола-Прилеп, патничко возило „опел“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(41) од Демир Хисар удрило во животно и излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка, а со телесни повреди М.П.(65), и двете од Демир Хисар, констатирани во Клиничката болница во Битола.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.