Синоќа во 19.45 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во Итна медицинска помош со тешки телесни повреди бил донесен В.С.(27) од Скопје.
По преземени мерки било утврдено дека тој се здобил со повредите околу 19.00 часот додека работел со неговиот татко во с.Владимирово, беровско, при што врз него паднала тракторска приколка натоварена со дрва и му ги притиснала нозете.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Берово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.