Вчеравечер во 20.25 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на локален пат помеѓу селата Робово и Муртино, струмичко, Р.П.(36) од село Владевци, струмичко, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.