На 16.10.2022 во 13.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај превојот „Буково“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“, управуван од Д.Ѓ.(20) од Охрид, мотоцикл „сузуки“, управуван од Д.А.(21) од Охрид, двата со охридски регистарски ознаки, и патничко возило „поло“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.П.(59) од битолското село Бистрица.
Во несреќата, двајцата мотоциклисти се здобиле со тешки телесни повреди, додека Е.К.(19) од Охрид, сопатник на првиот мотоцикл, возачот на возилото „поло“ и сопатничките Л.Р.(49) и Т.П.(55), двете од Битола, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.