Вчераво 17.10 часот на подрачје на Бит Пазар, Скопје од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода С.М.(22) од Босна и Херцеговина, со привремен престој во Македонија.

Како што соопшти МВР, тој се барал по телеграма од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело казниво по чл.130 ст.2 од Кривичниот законик (нанесување телесна повреда при семејно насилство).

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.