Тешка сообраќајка синоќа се случи во главниот град, во населбата Кисела Вода при што три лица завршија со тешки повреди во болниците.

Како што јави МВР, околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Антон Попов“ и ул.„Мишко Михајловски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „дачија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(48) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.З.(21) од Скопје.

По несреќата, возачот на мотоциклот Б.З. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, додека сопатничките од возилото „дачија“ – А.М.(50) и А.Ѓ.(29), двете од Скопје, биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, каде што на А.М. и биле констатирани телесни повреди, а на А.Ѓ. и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје – се наведува во билтенот на МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.