Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која околу 13 часот на 30 април се случила на магистрален пат во близина на влезот за аеродромот „Св.Апостол Павле“.

МВР информира дека во несреќата учествувале автомобил „сеат“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.С.(47) од Битола, автомобил „киа“, управуван од В.Н.(79) од с.Белчишта, Општина Дебрца и паркирано патничко возило „опел“, двете со охридски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.Н. и неговата сопатничка В.Н.(79), констатирани во Општата болница Охрид и во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.