Синоќа во 22.47 часот во битолската полиција е пријавено дека на патот Битола-Прилеп, автобус „фолксваген крафтер“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.А.(50) од Битола, излетал од коловозот.
Во несреќата Е.Г.(38) од с.Лопатица, битолско, се здобила со тешки повреди, додека Р.Н.С.(31), И.Љ.(38) од с.Лопатица, Т.С.(50), М.О.(31), А.М.(22), В.Т.(40), В.С.(27) од с.Лисолај, Н.С.(45), Т.Л.(20) од с.Кукуречани, Д.В.(54) од с.Крклино, битолско, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид извршила екипа на СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.