Денеска (05.10.2024) во 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.Е.(25) од Скопје излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот З.С.(33) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.