По една година од исчезнувањето на Самоил Костадиновски од Скопје, неговиот татко се сомнева дека тој е мртов.

Помина година дена и еден месец се уште не знаеме каде е нашето дете, нашиот Самоил каде се наоѓа до овој момент. Ние се сомневаме дека Самоил, бидејќи носеше со себе пари, оваа криминална група го има убиено и негде фрлено, зашто истите тие се нуделе на Албанците, дека биле спремни да убиваат, да киднапираат, вели Љупчо Костадиновски.

На 26-годишниот Самоил Костадиновски од 3 март лани му се губи секаква трага. Сите постапки на полицијата околу негово пронаоѓање не се споделуваат со јавност и се водат како строго доверливо.

За неделава се закажани завршни зборови, а по завршување на тој дел од постапката, потоа ќе следува и пресудата за обвинетите лица за грабнувањето.

Таткото на Самоил очекува осудителна пресуда, но семејството се незадоволни со тоа колку луѓе се опфатени со обвинението и бараат проширување на истрагата.

Обвинителството во септември поднесе обвинение против две лица. Едно е осомничено за делото грабнување, а второто за помагање.

Извор: „Фокус“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.