Судскиот совет попладнево со осум гласа „за“ одлучи да биде јавна седницата на која ќе се одлучува по иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми. Седницата е закажана за овој петок.
Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побарала на сослушувањето на биде присутна јавноста, односно да бидат присутни медиумите.
Иницијативата за дисциплинска одговорност со разрешување беше поднесена откако Адеми во интервју за САКАМДАКАЖАМ.МК посочи дека судот со којшто раководи се соочува со политички притисоци и закани од разрешување на врховни судии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.