Вчера (16 март) во 7 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Тетово-Пирок, во Камењане, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со тетовски регистарски ознаки, „фолксфаген пасат“ управуван од 45-годишниот Н.Р. од Камењане и „сеат кордоба“ што го управувал Б.С.(42) од тетовско Синичане, како и автобус „мерцедес“ со тетовски ознаки, паркиран од Р.Ф.(55) од Камењане.

Во несреќата, возачот на „кордобата“ Б.С. се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот малолетен сопатник со телесни повреди, констатирани во тетовската
Клиничка болница, соопштија од СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршиле екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.