Вчера напладне во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Берово, кај место викано „Палазлија“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(22) од Берово и патничко возило „дачија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.П.(40) од Неготино.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „рено“, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во патничкото возило „дачија“, С.М.(49) од Скопје, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.