Одлуката на Апелациониот суд за поништување на првостепената пресуда за случајот „Таргет-тврдина“ во која за злоупотреба со нелегално прислушување и масовно прекршување на човекови права се обвинети поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и поранешни вработени во двете институции, веќе е пристигната во Кривичниот суд.

Предметот сега е распределен на судскиот совет кој го води судијата Илија Трпков, затоа што претходните судии не се веќе во судскиот оддел за гонење организиран криминал (водечката судија е во друг оддел, а вториот судија е адвокат).

Трпков е судија кој ги водеше предметите за организирањето на 27 април, во кој меѓу обвинетите бе и Трајко Вељаноски како собраниски претседател, „Плацеви на Водно“, во кој покрај Орце Камчев, обвинет е и Мијалков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.