На 18.09.2024 во 14.45 часот на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го приведоа Г.К.С. (21) од струшкото село Луково, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.С. (27) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.08.2022, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.