Повторно има пожар во Гоцева шума кај Неготино. Постои сомнеж дека некој намерно ги пали боровите дрвца, изјави попладнево за МИА неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Оваа спомен шума гореше и вчера, а на терен гаснеа неготински и кавадаречки пожарникари, по што беше ставен под контрола.
Стојанов апелираше на совесност и внимателност во услови на високи температури, особено да се внимава при фрлање на отпушоци од цигари и при работа на земјоделски имоти.
Спомен шумата беше подигната во 1972 година, во чест на 100 години од раѓањето на Гоце Делчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.