На 05.04.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Чаир го лишиле од слобода Р.Б.(74) од Скопје.
Тој се сомничи дека во текот на денот убедил тројца малолетници од Шуто Оризари да извршат разбојништво врз Ф.П. во нејзиниот дом, при што одзеле пари. Имено, тој со возило ги однел децата до куќата и им посочил како да го извршат делото. Откако го сториле делото парите ги поделиле, од кои дел се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственичката, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.