Ноќва во 01.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопат А1, на делницата Гевгелија – Граничен премин „Богородица“, патничко возило „шевролет“ со српски национални ознаки, управувано од З.С.(65) од Република Србија, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатничката К.С.Ј.(38), додека со телесни повреди се здобиле сопатничката М.С.(61) и сопатникот П.Ј.(36), сите од Република Србија, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.