Припадниците на Хеликоптерската единица и на Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, кои беа ангажирани во гаснењето на пожарот во Македонија, успешно ја завршија мисијата во совладување на огнената стихија и се вратија во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

„Од 3 август, нашиот храбар тим работеше рамо до рамо со колегите од Македонија за да помогне во гаснењето на пожарите во тешки услови. Нашите пилоти за четири дена изведоа 74 прелети со хеликоптерот „Супер Пума“ и испорачаа 248 тони вода во подрачјата зафатени од пожарот, населбата Косел, северно од Охрид и Брежани на дел од територијата на Илинска Планина, како и селата во централниот дел на Македонија -Папрадиште и Орешје“, се наведува на Инстаграм профилот на МВР на Србија.

Како што е наведено, министерството е гордо на тимот кој учествуваше во оваа мисија.

„Нашиот заеднички напор нека биде потсетник дека границите меѓу нас се само физички, додека вистинското пријателство и поддршка се неограничени“, се додава во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.