На наплатна станица Смоквица е уапсен М.С.(28) од Србија. При контрола на патничко возило „форд мондео“ со српска национална ознака, кое го управувал, пронајдени се седум лица мигранти од Сирија.
Како што соопшти МВР, М.С. е приведен во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител и по негово комплетно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Лицето било лишено од слобода од патролен тим од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, при РЦ Југ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.