Младо лице со пиштол изврши грабеж, среде бел ден, во центарот на Скопје, на улица „Македонија“.
Тој со кацига и ракавици, влезе во продажен салон на познат бренд и одзел повеќе часовници.
Од снимките кои ги поседува „Скопје1“ се гледа како лицето ги става предметите во ранец и заминува од местото каде се случил грабежот. Снимено е и како лицето преку плоштадот „Македонија“, се упатува кон Кејот, односно Камени мост.
МВР трага по него.
Пријавено е дека во 16.30 часот во продажен објект на подрачје на Центар во Скопје едно лице со закана со огнено оружје одзело повеќе предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат кусо од МВР за „Скопје1“.
Извор Скопје 1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.