Синоќа во СВР Охрид било пријавено дека на мостот од каналот „Студенчишта“, велосипед управуван од Н.Ј. (68) од Србија удрил во М.К. (43) од Црна Гора. Велосипедистот паднал и добил тешки телесни повреди, а со телесни повреди добила М.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.