Граѓаните се сведоци на ладнокравни убиства среде Скопје, заради пактот на Спасовски и мафијата, власта наместо да се справува со криминалот е уортачена со него.На само стотина метри од владата на Македонија луѓе со автоматски пушки ладнокрвно убиваат, загрозена е безбедноста и јавниот ред и мир и никој не понесува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оливер Спасовски додека е зафатен со помагање на заменикот Буши, чиј син беше фатен како дивее по улиците, или со поставување на командири кои потоа ги фаќаат како тргуваат дрога, Македонија е се понебезбедна држава.
Не може да сведочиме на ликвидации, и никој од МВР да не понесе одговорност.
Пресметките по улиците се резултат на криминализираноста на власта.
Потребни се промени за Македонија да стане безбедна држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.