Лице кое се давело во водите на Дојранското Езеро вчера било спасено.
Од Центарот за управување со кризи велат дека околу 11 часот добиле пријава за лице кое е паднато од чамец и се дави некаде на средина од Дојранското Езеро.
Веднаш е известена ПС Гевгелија, Гранична полиција која беше на терен, веднаш итно интервенираше и го извлече, го спаси лицето кое е здраво и живо, велат од ЦУК.
Извлечен бил и чамецот на лицето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.