Пронајдени се двајцата велосипедисти кои се загубиле вчера на планината Беласица, некаде над село Банско, информира Центарот за упрување со кризи (ЦУК).
Вчера во 16.50 часот во Регионалниот ЦУК Струмица на Единствениот број за итни повици 112 било пријавено дека велосипедистите се изгубиле.
Веднаш била пратена патрола од гранична полиција и стапиле во контакт со двајцата велосипедисти. Околу 19.30 часот биле спуштени велосипедистите со помош на гранична полиција на безбедно и пред да настапи ноќта, се вели во соопштението.
ЦУК информира дека поголем број неексплодирани убојни средства, конкретно 80 минофрлачки гранати од 60 милиметри од Првата светска војна биле пронајдени во село Рибарци, Општина Новаци.
Регионалниот ЦУК Битола информира дека тие безбедно биле подигнати и отстранети од страна на овластениот пиротехничар од ДЗС Битола.
Кога ќе се најдат, при прошетки на терен, неексплодирани средства од минатите војни, не треба да се фаќаат, да се поместуваат ваквите стари гранати, бомби и слични опасни неексплодирани средства, едноставно само треба веднаш да се пријави на 112 во ЦУК за нивната локација, соопшти ЦУК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.