На делницата од автопатот од Велес кон Скопје во непосредна близина на Катланово, на неколку стотина метри по излегувањето од тунелот, се случила тешка сообраќајна несреќа.
Според ппрвичните информации, во несреќата учествувале три автомобили со странски регистарски таблички.
Едно од возилата е извртено на покривот. Причинета е голема материјална штета, а непознато е со какви последици поминале патниците од автомобилите кои биле во незгодата.
Во моментов, на овој дел од автопатот е успорено движењето. На местото пристигнаа екипи на МВР и го обезбедуваат одвивањето на сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.