Сообраќајна несреќа на раскрсницата кај „Мавровка“, утринава предизвика сообраќаен метеж во тој дел од градот. Возилата и автобусите што се движат по булеварот „Крсте Петков Мисирков“ во правец од Македонската академија на науките и уметностите кон Бит Пазар се пренасочувани по булеварот „Гоце Делчев“ кон МТВ.

фото: Република

На раскрсницата се уште стојат возилата кои биле дел од сообраќајната несреќа, а екипи работат и на поставување на нова сообраќајна сигнализација.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.