Сообраќајна несреќа се случила утрово кај кавадаречкото село Дреново, возило излетало од патот и се превртело, потврдија за МИА од Итната медицинска помош, противпожарната служба и СВР Велес.

Екипа на итната медицинска помош Кавадарци е на лице место, а увид врши и полициска екипа. Од СВР Велес информираа дека ќе следуваат повеќе детали во текот на денот. Оттаму појаснија дека сообраќајката е на локалниот пат од селото кон регионалниот пат за градот Кавадарци.

Според првичните информации, кавадаречките пожарникари се обидуваат да ослободат едно лице приклештено во возилото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.