На 07.04.2023 во 16.50 часот во СВР тетово било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, пред клучка Групчин, патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(46) од с.Србица, кичевско, удрил во запрено патничко возило „пежо 208“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил возачот З.Ф.(52) од Струга и сопатникот З.Ф.(24) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „пежо“, З.Ф., додека двајцата возачи се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршиле екипа од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.