Демантот на МВР кон политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ги потврди сите пишувања на медиумите дека имало семејно насилство во домот на генералниот секретар Зоран Глигоров. МВР во својот допис кажува дека ги имаат превземено сите мерки против лицето З.Г. по пријава не неговата сопруга.

Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира лагите пласирани од партијата ВМРО-ДПМНЕ за наводно криење односно, како што велат, заташкување  на пријавен случај во врска со лицето З.Г.. Вистината е дека СВР Скопје постапило и за овој случај по сите процедури, како впрочем и за сите други случаи“, соопштија од МВР.

Понатаму МВР фактички ги потврдува сите оние работи за кои се пишуваше изминатиов период. Имено во домот на Глигоров се случувала вистинска семејна драма. По пријава од неговата сопруга полицијата веднаш излегла на местото на настанот каде по превземените мерки и активности на Глигоров му бил одземен пиштолот за понатамошна постапка.

 

Вчера советникот во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски постави прашање од градоначалничката Арсовска до кога ќе го толерира ваквото однесување на Глигоров од причина што ова не му е прв пат.

До кога градоначалничката ќе го толерира ваквиот секретар на Град Скопје, дали планира негово разрешување или дали со заштита негова и со тоа што не се појавува во рамки на Советот да одговори на овие прашања всушност ги брани правата на жените или пак ги напаѓа правата на жените затоа што таа се претставува како голем борец за правата на жените, но кога во пракса се случува нејзиниот најблизок соработник, втор човек во Град Скопје е пријавуван за семејно насилство таа никаде ја нема да одговори за овие прашања“, изјави Андоновски.

Од кабинетот на Арсовска владее молк. Единствено нешто што успеа јавноста да дозна за градоначалнилката е дека таа учествува на конференција во САД по повод борбата против корупцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.