Регионалниот центар за гранични работи Исток поднел кривична пријава против двајца беровчани поради приложување фалсификуван негативен ПЦР тест на Граничниот премин Делчево на 28 февруари годинава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека се поднесени кривична пријава против М.Д.(23) и Б.Б.(22), двајцата од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.