Младата велешанка Пале Илоска во куќата каде му пресуди на партнерот кој со години ја тепал, омаловажувал и малтретирал, го издржува куќниот притвор додека го чека судењето. Во објектот струјата е исклучена поради долг од над 40 илјади денари, коj не може да гo подмири зошто не може да заработува. Како што пренесува „Код“, таа се грее на плинска греалка и газиена ламба.
Досега никој не се заинтересирал во каква психичка состојба се наоѓа.
Обвинителот, кој реши наместо убиство во самоодбрана ова дело да го класифицира како убиство од миг, е жена. Судијата, кој може да го приначи, е исто така жена.
Постојат сведоци кои ќе може да потврдат во каква „хармонија“ живеела Пале со полицаецот Александар Ристовски, но од Обвинителство се правдаат дека кај нив никогаш не стигнала пријава за семејно насилство, по која можеле да постапуваат. Бранителот на Пале за „Код“ откри дека кога еднаш се обидела да го пријави, Александар ја фатил Пале за врат и ѝ се заканил дека следниот пат кога ќе проба нешто слично ќе ја убие со куршум во глава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.