Вчера во 20:40 часот полициски службеници од СВР-Тетово ги лишиле од слобода О.Б.(38), А.Б.(42) и 32-годишната Ф.Б., сите од Тетово, кои пред тоа во СВР-Тетово биле пријавени од нивната снаа односно јатрва Т.Б.(35) од Тетово дека околу 19.15 часот во дворот на нејзината семејна куќа физички ја нападнале, а при нападот користеле и железен предмет, кој бил пронајден на лице место и одземен.

Лицата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по расчистување и документирање на случајот против нив ќе следи соодветна пријава, велат од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.