Два различни случаи на закани на мажи кон поранешни сопруги регистрира полицијата во изминатото деноноќие. Едениот случај завршил со тепање на жената.

„На 12.01.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје, 39- годишна жена пријавила дека во Скопје, додека била на своето работно место, нејзиниот поранешен сопруг Т.Ц.(53), и упатил закани и кршел инвентар во угостителскиот објект. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.

Во вториот случај, на 11.01.2024 во 18.00 часот во Скопје, во Полициското одделение Сарај, 25- годишна жена од с.Сарај, скопско пријавила дека околу 02.30 часот физички била нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.