Синоќа по полноќ двајца скопјани се заканувале дека ќе активираат рачна бомба во дискотека во центарот на градот, но за среќа бомбата била одземена навреме.

Полицијата го потврди случајот и како што информираат околу 1 часот и 25 минути во угостителски објект на бул. „Кузман Јосифовски – Питу“ полициски службеници лишиле од слобода двајца жители на Скопје на возраст од 44 и 45 години. Непосредно пред тоа по претходно недоразбирање со менаџерите на објектот тие сакале да фрлат рачна бомба кон нив во објектот. Лицата се приведени во полициска станица, а неексплодираната бомба е обезбедена и подигната од Единицата за антитероризам. Нема повредени лица или било какви оштетувања а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.